Џесика Алба ја дочека Новата година со нов член во семејството

2 јануари 2018

Непосредно пред завршетокот на старата година, Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен го добија најубавиот новогодишен подарок, малиот Хејз Алба Ворен.

После две девојчиња, двојката доби син, кој како пренесуваат странските медиуми, дошол на свет малку порано од очекуваното.

И двајцата на своите Инстаграм профили ја споделија среќната вест, како и првите фотографии од новиот член на семејството.

 „Хејз Алба Ворен - Најдобриот подарок за Нова година. Кеш и јас сме благословени. Хевн и Онор се веќе обземени од нивниот брат“, напиша Џесика.

Нејзиниот сопруг имаше уште поемотивна порака:

„Хејз Алба Ворен: Ти со сигурност знаеш како да ја најавиш новата година! Се појави неколку дена порано, но ние не можеме да сме посреќни. Твојата мајка е најсилната жена што ја познавам... и ти си толку среќен што ја имаш покрај себе.  Имаш и две неверојатни сестри кои уште отсега те обожаваат и знам дека ќе си благодарен што ги имаш. На твојот прв ден од животот, ти ветувам дека ќе те сакаме и негуваме. Добредојде во семејството Хејз!“

 

 

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
698 пати