Џесика Честен во новата кампања на „Прада“

28 октомври 2016

Модниот бренд „Прада“ одлучи Џесика Честен да биде новото заштитно лице, а првата официјална соработка е новата кампања за колекцијата ресорт 2017.

За фотографиите е задолжен фотографот Вили Вадерпер, а фотосесијата е снимана на неколку локации во Милано, меѓу кои и Фондацијата „Прада“ отворена минатата година.

Фотографиите, црно-бели и во боја, потсетуваат на филмски рамки, во кои Честен изгледа како вистинска модерна дама. И облеката, и модните додатоци се од ресорт колекцијата, а посебен акцент е ставен на најлонскиот мантил, како и црниот фустан, со што се потенцира на безвременската елеганција.

Инаку, Честен досега во повеќе наврати носела креации на „Прада“, вклучувајќи ја и последната „Мет Гала“.

На интернационалниот пазар, кампањата ќе биде лансирана на 31-ви октомври.

Објавено:
28 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
61 пати