Џиџи Хадид и Ирина Шајк се девојките на Карин Ројтфилд

11 февруари 2016

После лансирањето на CR Fashion Book во 2012 година, поранешната уредничка на  Vogue, Карин Ројтфилд има нов прилог насловен CR Gils 2016.

Токму за него Ројтфелд ангажираше дел од најпознатите светски модели, вклучувајќи ги Џиџи Хадид, Ирина Шајк, Нина Агдал, Бела Хадид, како и ќерка си, Џулија Рестон Ројтфилд и новата надеж Емина Блу.

Девојките позираат во колекцијата на Канје Вест, Yeezy Season 2, а зад фотографиите се потпишува Санте Д’Оразио.

-Многу сум лојална кон моделите што ми се допаѓаат, почнувајќи од ќерка ми Џулија која секако ќе ја сакам засекогаш, до мојата нова девојка, Емина Блу. Одлучив да направиме многу секси фотографии, како една од оние што ги направив со Стивен Мејсел за „Пирели“ – употребувајќи широка и спортска облека во комбинација со високи потпетици. Токму затоа и шоуто на Канје ме инспирираше за тоа во каква форма сакам да ги видам девојките. Тие изгледаат цврсто, но секси – вели Ројтфилд за новиот проект.

Во продолжение погледнете го крајниот резултат.

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
500 пати