Џиџи Хадид како божицата на панкот Деби Хари

4 декември 2018

Топ моделот Џиџи Хадид за насловната на магазинот W се трансформираше во божицата на панкот, Деби Хари.

Фотографите Мерт Алас и Маркус Пигот заедно со целиот тим што се потпишува зад фотосесијата, завршиле фантастична работа со оглед на тоа дека манекенката изгледа речиси идентично како ѕвездата од бендот Blondie.

Во портретирањето на Деби, Џиџи ја доловува енергијата и ставот на вечната бунтовничка, покрај визуелниот идентитет.

„Не сакам да бидам само уште еден лик од страниците на магазините. Сакам кога луѓето ќе видат слика со мене да ја запаметат, исто како што ги помнат фотографиите со Деби Хари", вели Џиџи за магазинот W.

Извор: W

 

Објавено:
4 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
262 пати