Џон Луис го повлекува зајачкото крзно од продажба

17 јануари 2014

Британскиот синџир на стоковни куќи Џон Луис, воведува забрана за продажба и понатамошна употреба на зајачко крзно за целосниот спектар на гардероба што ја продаваат. Откако ПЕТА активно води кампања против злоупотребувањето на животните, брендовите  Асос, Келвин Клајн и Томи Хилфигер го исклучија имплементирањето на природното крзно од своите колекции.

 

Лицето за односи со јавност на Џон Луис соопштува дека освен тоа што ќе ја тргнат целата облека со зајачко крзно од полиците, тие ќе пробаат  да разговараат и со доставувачите да го сторат истото. Од ПЕТА се уште водат голема кампања, се со цел да ги убедат и другите брендови и модни куќи да престанат да купуваат крзно и да почнат да водат сметка за благосостојба на сите животни.

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Актуел