Џорџина Џегер се сликаше за рекламна кампања на Сисли

13 мај 2013

 

Ќерката на славниот рокер Мик Џегер и некогашниот топ модел Џери Хол, се сликаше за рекламната кампања на познатиот моден бред Сисли, за колекцијата есен-зима 2013 година. Оваа провокативна девојка за свој партнер на фотографиите го има своето момче Џош Меклелан, кој иако не е модел одлично ја има одиграно улогата. Ангажманите на 21 годишната моделка се зачестуваат, а досега работела и на кампањи за Rimmel, H&M, Just Cavalli, Hudson Jeans, Sunglass Hut  и Material Girl. Во интервју за познат магазин таа изјавила дека фотографирањето заедно со нејзиното момче било многу забавно и далеку поинтересно отколку со било кој друг модел.

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Актуел