Џули де Либран и Соња Рикел најавија модна револуција

24 септември 2014

Откако заслужено го доби епитетот за девојка со „златен допир“ и тоа благодарение на работата во Луј Витон, Прада и Џанфранко Фере, француската дизајнерка Џули де Либран е подготвена ги почнa првите чекори од позицијата на уметнички директор кај Соња Рикел. Откако во мај годинава таа стана дел од брендот на дизајнерката позната по плетенините, сега таа ја претстави  првата колекција под оваа етикета.

-Многу е доверливо да сте жена и да дизајнирате за жени, тоа е она што Соња Рикел го прави години наназад, вели Џули.

Проверувајќи ги „кодовите“ на Рикел, Џули периодов имаше доста време да истражува и да се вклопи во приказната на реномираната дизајнерка.

Иако, Рикел на модната сцена е најмногу позната по креациите изработени во плетена техника, новата колекција  содржи и парчиња од кожа, класични костими, крзно, како и долна облека. Исто така наскоро се најавува  и лансирањето на парфем кој ќе биде вклучен од втората подлинија на Соња Рикел која е сочинета и од детска облека и ентериери за во домот.

Колекцијата под етикетата „De Libran“ беше прикажана во понеделникот на Париската модна недела.

 

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Актуел