Ѕирнете во првиот „Балман“ бутик во Њујорк

15 април 2016

Модната куќа „Балман“ неодамна го отвори првиот бутик во Њујорк, а со тоа и во Америка. Лоциран е во квартот Сохо, што креативниот директор на куќата, Оливие Рустенг  го смета за идеална локација.

-За мене Америка е мошне инспиративна. Се восхитувам на нејзиниот отворен дух, микс од луѓе и импресивната култура, а Њујорк е сетот тоа, помножено со илјада – вели Рустенг.

Бутикот се простира на преку 1.500 метри квадратни. За уредувањето се ангажирани Оливие Марти и Карл Фоурниер од студиото „КО“.

Новиот простор е инспириран од вилата „Балман“, прекрасната куќа за одмор од 19-век на италијанскиот остров Елба, што ја користеше самиот основач на куќата.

Ентериерот во бутикот е токму во стилот на 19-тиот век, во комбинација со злато и месинг, големи огледала и мебел со француски дизајн од 20-тиот век. Еден од највпечатливите моменти е репликата на класичните грчки статуи, кои ја евоцираат Пјер Балман колекцијата на класични фигури од теракота од 19-от век.

Објавено:
15 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.051 пати