Еден месец големи попусти во Елена Лука

29 мај 2015

Вашите омилени дизајнерски парчиња од модниот бренд Елена Лука сега може да ги купите со огромни попусти почнувајќи од овој викенд па се до први јули. Цел еден месец во продажниот салон на Елена Лука во Skopje City Mall, сите дизајнерски креации  изложени овде ќе може да ги набавите со големо намаление, до 80% попуст.

Уникатни свечени фустани, пролетни дизајнерски комбинации, деловни парчиња во сите конфекциски броеви, трендовски здолништа, панталони, комбинезони со дизајнерски потпис, со одлични цени - супер можност да го подновите вашиот пролетно-летен плакар.

„Само за Вас нашата модна куќа одлучи да ве изненади со неверојатен попуст од дури 80 % на сите наши креации кои се изложени во продажниот салон во Skopje City Mall. Ова ќе биде навистина неверојатен продолжен викенд за Вас, но и цел месец јуни.  Побрзајте и одберете си ја вашата омилена креација“, ве покануваат од познатиот македонски моден бренд.

 

Објавено:
29 мај 2015
Категорија: 
Актуел