Екипата на „Медена земја“ е подготвена за црвениот килим

9 февруари 2020

На неполни два часа од почетокот на преносот на 92. издание на „Оскарите“, се појави фотографија од екипата на „Медена земја“, која е комплетно подготвена за настанот, а меѓу нив секако и Атиџе.

Фотографијата првично ја сподели братот на продуцентот Атанас Георгиевски, Марко, а потоа почна да се шири и низ социјалната мрежа „Фејсбук“.

.фото извор: facebook.com/markogeorgievski;

 Како што се гледа и од фотографијата, Атиџе е стилизирана во шалвари, односно народна носија, во златно-црни нијанси.

Со нетрпение ги очекуваме на црвениот килим.

Среќно!

Објавено:
9 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
10.798 пати