Ексклузивен сезонски попуст во Елена Лука

31 јануари 2017

Доколку сакате да го освежите вашиот имиџ со ново дизајнерско парче со потпис на домашен моден бренд, тогаш топло ви препорачуваме да се упатите во продажните салони на Елена Лука во Скопје и Струмица.

Вашите омилени дизајнерски парчиња сега може да ги купите со сезонски попуст до 30%.

Уникатни, топли капути со средна и макси должина, бунди изработени од еко-крзно, свечени тоалети за посебни прилики, совршено скроени сакоа, панталони и здолништа, кошули изработени од фини материјали, се само дел од понудата на Елена Лука кои може да ги купите со попуст.

Попустите се однесуваат и на ексклузивните парчиња од зимската колекција за актуелната сезона, па ова е идеална прилика да го купите вашето омилено парче.

 

Објавено:
31 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
355 пати