Ексклузивни попусти во Елена Лука!

25 јуни 2018

Време е за летно освежување во вашиот гардеробер – искористете ги големите, ексклузивни сезонски попусти во модниот бренд Елена Лука и дајте му особен печат на вашиот стил со уникатни дизајнерски парчиња.

Со намалување дури до 50% имате единствена можност сега да го купите вашиот омилен, софистициран и неповторлив дизајн од Елена Лука.

Изборот е неодолив, а ќе најдете трендовски уникати што соодветно може да ги комбинирате во различни прилики: елегантни кошули, панталони и комбинезони за префинет деловен изглед, впечатливи коктел фустани, романтични тоалети во кои ќе блеснете на вашата семејна прослава, како и дизајнерски марами со автентични принтови со кои ќе го надополните софистицираниот впечаток.

Како наш денешен предлог за „Must have", издвоивме три стилски парчиња што се на врвот на листата на актуелните летни тенденции:

-Кошула-фустан во нежно сина нијанса, што може да ја носите во неколку различни варијанти: да го нагласите струкот со тенок ремен, да ја облечете врз џинс или пак да ја комбинирате за журка на плажа со разголени рамена.

50% OFF - First price 4600ден. - Last price 2300 ден.

- Елегантен коктел фустан во тегет варијанта што ја следи линијата на телото, со изразено V деколте, во комбинација со транспарентни елементи што му даваат дополнителна сексапилна нота.

50% OFF - First price 9300ден. - Last price 4650ден.

-Фустан над колена во интензивна сина боја со минималистички дизајн што лесно може да го комбинирате со различни модни додатоци. Наш избор се женствените марами со уникатен Елена Лука дизајн во повеќе варијанти на разиграни принтови и бои.

50% OFF - First price 4800ден. - Last price 2390ден.

Ве очекуваме во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица.

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.806 пати
Тагови: 
Елена Лука