Елегантна и по протокол – Зорица Заева перфектно стилизирана во дизајн на Елена Лука за официјалната посета на Лондон

4 декември 2019

Македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев деновиве е во официјална посета на Лондон, каде централен настан е состанокот на лидерите на НАТО по повод 70 годишнината од постоењето на Алијансата. 

Во агендата на нашата делегација, беше и синоќешната официјална посета на британскиот премиер Борис Џонсон.

„"Downing 10" синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок", пренесува владиниот кабинет.

Премиерот беше во друштво на неговата сопруга, г-ѓа Зорица Заева, која ги заслужува сите комплименти за нејзиниот комплетен изглед што е во согласност со дипломатската култура, протоколарните прописи и официјалнот дрес код.

Елена Лука е етаблираниот македонски моден бренд што го потпишува стајлингот на г-ѓа Заева, а кој е во функција пред сè на нејзината улога и лична естетика, а истовремено без исклучок е испочитуван протоколот.

Доброто познавање на протоколот и темелната дипломатска култура се очигледни во изборот на аутфит, во кој Елена Лука ставила акцент на елеганцијата и женственоста согласни со карактерот на дамата. Умешно е направен спој на личните стилски преференции и официјалниот изглед, со што крајниот резултат е врвна естетика на светско ниво.

Од дизајн до реализација: дизајн на Елена Лука

Тенденцијата да се промовира домашната култура преку дизајн на домашни модни брендови е од исклучително значење и е за поздрав! Елена Лука, која интернационално е препознаена како успешен моден бренд, се покажа како одличен избор за г-ѓа Заева и соодветен пример како треба да изгледа една дама во официјална посета.

 

Објавено:
4 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.106 пати