Елегантно бело сако од Елена Лука – идеален избор за секоја прилика

21 јануари 2019

Едно од оние базични парчиња во сечиј гардеробер, што никогаш не губи од својата популарност – е елегантното бело сако.

Нашиот моден бренд Елена Лука во својата богата понуда на дизајнерски парчиња, секогаш остава простор за базични модели што лесно се комбинираат со остатокот од гардероберот.

Ова префинето бело сако во минималистички крој е идеален избор што може да го имплементирате во вашиот стајлинг за секоја прилика.

Секогаш може да го комбинирате во вашиот деловен аутфит, со класични црни панталони или со здолниште со висок струк, но одлично се вклопува и во кежуал, урбан стајлинг со џинс и патики или пак во женствено издание со романтичен миди фустан.

Доколку сакате да го потенцирате струкот, само додадете впечатлив ремен околу половината, а доколку преферирате да го разиграте монохроматскиот изглед, акцентирајте со марама со интересен принт.

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.058 пати