Елегантно издание на Каролина Куркова за „Харперс Базар“

12 април 2017

Каролина Куркова не ја гледаме толку често на модната сцена како порано, но таа сè уште изгледа прекрасно.

Тоа го покажа и во еден од последните ангажмани, насловната страна и едиторијалот за „Харперс Базар Тајван“ за март месец.

Чешкиот модел се појави во елегантни креации, покажувајќи ја сета своја грациозност, со што покажа уште еднаш зошто е една од најдобрите во модниот свет.

Инаку, креациите се од пролетната колекција на брендот „Луј Витон“, како и од „Гучи“, „Прада“, „Баленсијага“ и други, а зад фотографиите се потпишува Мет Холијак.

Погледнете:

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
117 пати