Елена Лука го отвори празничниот коктел со живи кукли во излог

15 февруари 2014

Под мотото „In Elena Luka veritas“  вчера македонскиот моден бренд Елена Лука во својот продажен салон во Скопје Сити Мол го прослави Свети Трифун со отворен коктел.

Сите оние кои вчера присуствуваа на настанот, имаа можност да си купат уникатни парчиња од брендот со огромен попуст, но истовремено беа сведоци на еден исклучително интересен перформанс кој вклучуваше моделки кои наместо кукли во излозите на продажниот салон го одвлекуваа вниманието на минувачите и присутните гости.

Во духот на празникот, Елена Лука на своите клиенти им подаруваше вино со етикета специјално изработена за настанот, а која го носи името на модната куќа со илустрација која потсетува на женска силуета облечена во елегантен фустан, со што се направила одлична приказна која го спојува празникот со модниот свет.

„Искрено очекував позитивни реакции од луѓето бидејќи сепак ова е еден несекојдневен настан кој во ваква форма за прв пат се организира. Драго ми е што покрај нашите редовни клиенти, гледам и многу нови пријатели за кои се надевам дека ќе станат дел од големото семејство на Елена Лука. Сепак овој настан симболично го организиравме од почит кон нашите клиенти и вниманието посветено на нив“, изјави Елена Лука задоволна од убавиот амбиент во салонот.

Уникатниот и препознатлив дизајн на модната куќа, но и големиот попуст до 70% привлекоа големо внимание.

„И самите може да забележите колку голем интерес постои помеѓу нашите купувачи и потенцијални клиенти. Мислам дека кога облеката е во прашање, луѓето сакат да бидат уникатни, свои и да се издвојуваат, а тоа Елена Лука секогаш може да им го понуди. Интересот е подеднакво голем за целата понуда, како за свечените тоалети, така и за зимските капути, бизнис парчињата, коктел моделите, модните додатоци...“, вели Јулија Николовска, извршен директор во Елена Лука.

Ги прашавме и клиентите, како тие го прифатија настанот.

„Многу сум задоволна од вечерашниов попуст во продавницата на Елена Лука, и многу се израдував кога дознав за истиот, бидејќи како постојана клиентка, ги обожавам нејзините креации. Вечерва си купив преубав црн капут од брендот, кој многу ми се допаѓа. Сакам да ја искажам сета почит за Елена Лука и нејзиниот тим и да посочам дека ова е еден навистина убав настан и одличен попуст се разбира“, задоволно коментираше една од многуте купувачи.

Настанот беше интересен за случајните минувачи и поради несекојдневните излози во кои свој перформанс имаа две манекенки, наместо кукли.

“До сега сум немала  прилика да бидам дел од  ваков настан, односно вакво претставување на живи кукли во излог. Сметам дека ова е многу добра идеја, бидејќи е нешто поинакво и интересно. Досега сум соработувала со Елена Лука, но не на ваков начин, за кој сметам дека е многу интересен и има многу позитивни реакции од сите. И кога ми кажаа дека ќе бидам дел од ова, многу се израдував и ми беше многу мило дека ќе бидам дел од еден ваков, да кажам, посебен настан, бидејќи нешто вакво не се случило до сега“, вели Михаела Иванова една од манекенките.

Добрата и позитивна енергија во салонот беше последица и на професионалната организација на настанот. Ги прашавме одговорните колку тие ја почуствуваа позитивната реакција на присутните.

„Продажбата, иако не ни беше преоритет, помина одлично, но најважни за нас, беа насмевките на клиентите кои останаа како виулица која се уште ја пополнува фрекфенцијата на салонот на Елена Лука со прекрасна енергија! Со ова нашата мисија е исполнета!“, не можеше да го скрие задоволството и Илија Илов, дел од маркетинг тимот на Елена Лука.

Ја подржуваме иницијативата ваквите иновативни перформанси да ги имаме почесто.

 

 

 

 

 

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Актуел