Елена Лука и во празничното издание на британскиот Вог!

13 ноември 2019

Откако минатиот месец нашата етаблирана модна куќа Елена Лука се најде на страниците на престижниот британски Вог и го освои вниманието на интернационалната јавност, во новото празнично издание, повторно ѝ се посветени клучни редови од содржината.

Елена Лука својата биографија што вклучува импозантен прогрес, клучна улога во домашната модна индустрија и уникатен дизајнерски ракопис, ја раскажува пред милионската публика на реномираниот магазин.

Нашиот бренд се најде во друштво на модни етикети што исто така го заслужуваат светското внимание.

Инаку на насловната страна на декемвриското издание на Вог, со кое магазинот ја заокружува годината, е популарната актерка Ема Вотсон.

 

Објавено:
13 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.149 пати