Елена Лука ја продолжува својата приказна во Прилеп

25 април 2015

По неодамна отвореното ателје во Струмица, македонскиот моден бренд Елена Лука од сега е поблиску и до прилепчани. Денеска, во срцето на автеничната прилепска стара чаршија свечено беше отворен новиот продажен салон на Елена Лука.

Во живописното градско секојдневие на Прилеп, сега Елена Лука ќе има свое место со својата нова приказна. Во самиот центар на градот, Елена Лука во препознатливиот рустичен амбиент на новиот продажен салон на прилепчани ќе им понуди уникатен дизајн, квалитетен македонски производ и професионална услуга.

Овде веќе се изложени новите дизајнерски парчиња од колекцијата пролет-лето 2015 што вклучува елегантни и женствени парчиња што можат да се прилагодат на генерациски и стилски различен таргет, миди здолниша во А линија, кошули со тренди црно-бели принтови, кратки јакни во силвер варијанта и такви со ситен принт, романтични фустани и здолништа, како и сакоа и панталони совршени за дамите од деловниот свет. Секако покрај дизајнерските парчиња соодветни за секојдневниот имиџ на современите жени, понудата на Елена Лука вклучува и фантастични свечени фустани и вечерни тоалети идеални за претстојните матурски забави, па со оглед на тоа дека изборот е навистина богат и го носи препознатливиот печат на модната куќа, веруваме дека сите вкусови ќе бидат задоволени.

Покрај тоа што Елена Лука периодов работеше на проширување на својата програма и надвор од Скопје, исто така го објави и новиот едиторијал за последната колекција пролет-лето 2015 во кој како модели беа ангажирани шармантната водителка Билјана Дебарлиева и манекенката Ангела Карова, за која од модната куќа наскоро најавуваат и нов каталог.

Приказната продолжува...

 

 

 

Објавено:
25 април 2015
Категорија: 
Актуел