Елена Лука прославува 5-годишен јубилеј со отвoрање на ново ателје за венчаници

3 декември 2013

Идиличен амбиент обоен во светлина, нова бајковита димензија во која секоја невеста би се чувстувала совршено. Така изгледа новото ателје специјализирано за венчаници на модниот бренд Елена Лука, кое неодамна започна да функционира во рамките на истиот комплекс на веќе постоечкиот салон.

Со тоа Елена Лука одбележува 5 јубилејни години кои сведочат за континуираниот прогрес.

„Со отворањето на ателјето за венчаници, заокружуваме една успешна јубилејна приказна. Се потрудив да бидат испочитувани сите светски стандарди  во осмислувањето на целиот концепт, од уредувањето на ентериерот до дизајнот на венчаниците, а сето тоа сепак да го носи препознатливиот печат на брендот”, вели Елена Лука по повод стартувањето на новата модна приказна.

Еден од најкарактеристичните сегменти на брендот се токму уникатните венчаници во чиј дизајн особено се внимава на рачната изработка и на автентичноста во комплетната реализација, а сега со отворањето на ателјето тие ја добиваат заслужената бела соба.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Актуел