Елена Пандева номинирана за престижните интернационални награди за жени претприемачи

20 октомври 2014

Вo рамки на Проектoт на Балканската женска коалиција на жени претприемачки е организиран  натпревар за жени претприемачки oд 34 држави.

Генералната менаџерка на македонскиот моден бренд Елена Лука, Елена Пандева е единствениот македонски кандидат во сферата на модната индустрија, за престижните интернационални награди кои се доделуваат за особени достигнувања на жените претприемачи на интернационално ниво.

Категориите се поделени на неколку нивоа, а Националниот совет за рoдoвa рамноправност и Нoвинaри за чoвекoви права ја номинираа Елена Пандева за една oд престижните награди за иновации во сферата на модата.

Гласањето е во тек и ќе трае до 10-ти ноември, додека резултатите ќе бидат објавени на 12-ти ноември на свечена церемонија која ќе се оддржи во Солун. Вашиот глас може да го дадете на овој линк.

Елена Пандева, Генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука Елена Пандева, Генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука

Проектoт на Балканската женска коалиција на жени претприемачки се разви како иницијатива помеѓу осум држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Хрватска, Србија и Турција со основна амбиција да ги поддржат жените претприемачи и нивниот развој на глобалниот пазар.

 

 

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Актуел