Елена Пандева: Зрелоста дава духовна тежина на надворешната естетика!

6 мај 2019

Ексклузивниот, прв голем кастинг што ги вклучува дамите над 40 години, а викендов го организираше г-ѓа Елена Пандева, генералниот менаџер на модниот бренд Елена Лука во соработка со онлајн платформата Sweet40+, импресионираше на секое ниво. Позитивното искуство, непроценливата дружба, новите пријателства, но и генералната идеја од оваа дружба да произлезат проекти кои ќе говорат за убавината на жената во секоја доба од животот, направија оваа идеја на г-ѓа Пандева да наиде на огромен позитивен фидбек од широката јавност.

По завршувањето на големот отворен кастинг, г-ѓа Пандева со нас го сподели своето лично видување и импресии:

-Убавината во нашите години е сеопфатна, посуштинска... Не е само надворешната убавина битна. Зрелоста дава духовна тежина на надворешната естетика!. Едноставно Жените се дефинирани во секоја смисла. Пленат со својата харизма и самодоверба! Ги разбрале вистинските вредности во животот и затоа убавината ја ослободиле. Нивната спонтаност плени. Ослободени од комплекси и разноразни предрасуди, тие си се движат низ животот. Со нетрпение очекувам брза средба со сите Жени од кастингот (и сите што не стигнаа се поканети да дојдат на наредна средба, па и Вие) каде што ќе се дефинираат правците и концептот на едиторијалите на Елена Лука, што беа планирани и ќе се работат во брзо време!. Ви праќам на сите огромна Љубов!

Сите дами кои се појавија на кастингот уште еднаш докажаа дека токму вакви дружби се она што им недостасува на жените над 40 и дека тие се прекрасни и инспирираат во секоја доба од животот.
Со овие проекти Елена Лука повторно ја носи македонската мода чекор поблиску до тековите на светската модна индустрија, каде во фокусот е токму инклузијата на различноста на секое ниво.

 

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.231 пати