Елена Реи на насловна на „Foxey Magazine“

9 април 2016

Иако пред еден месец се врати од Токио, македонскиот топ модел Елена Реи неодамна осамна на насловната страна на престижното јапонско модно списание Foxey Magazine. 

Ова и е втора насловна на Елена за истиот моден магазин, а се должи на одличната соработка со тимот и одговорните лица на списанието. 

Пред да се врати во Македонија, Елена престојуваше во Париз каде беше дел од нова кампања што треба да излезе набрзо. 

Во моментов напорно работи на себе заради претстојната сезона која почнува кон крајот на месецов. 

„Треба да добиеме информација од Model Scouting Office каде би било најдобро за неа да биде во наредниот период“, изјави Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН.

Објавено:
9 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
441 пати