Ако го купите најновиот број на aмериканскиот Harper's Bazaar ќе бидете дел од магијата која се случи неодамна на популарното езеро Комо во Италија, каде македонскиот топ модел Елена Реи маестрално и доследно го претстави специјалниот едиторијал за венчаници. 

Едиторијалот се снимаше вкупно пет дена на прекрасното езеро каде беше присутен и еден од главните уредници на магазинот. 

Помеѓу најпознатите вили кои датираат уште од 1635 година како што се вилата Олмо или вилата Карлота, Елена Реи совршено ги презентираше раскошните венчаници. 

Во самата кампања, на моменти Елена ја доловува грациозноста на Грејс Кели, но и беспрекорноста на италијанската принцеза Мариа Габриела.

Со ваков едиторијал за еден од најпрестижните модни списанија во светот, Елена Реи само го потврди своето место помеѓу врвните интернационални модели. 

„Ваквите успеси на Елена се гордост за сите нас и воедно само потврда за она што го работиме“, изјави Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН. 

Во моментов Елена на кратко време престојува  во Европа, но за неколку дена ангажманите ја носат во Сингапур и Токио.

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
784 пати