Елена Реи во креации на Зухаир Мурад за Elle Kazakhstan

5 мај 2017

Македонскиот топ модел Елена Реи продолжува со светски успешните проекти, па така последно се најде на страниците на магазинот Elle Kazakhstan.

Таа изгледа прекрасно како и секогаш во луксузни парчиња од светски познатиот дизајнер Зухаир Мурад меѓу кои и раскошни фустани по кои тој е всушност познат.

Дека Елена изгледа навистина прекрасно потврди и објавата на самиот дизајнер на Инстаграм кој сподели неколку фотографии од едиторијалот.

„Со секој нов проект, Елена Реи успешно ги освојува модните брендови и дизајнери, со што предизвикува восхит и стекнува голем кредибилитет во модниот свет“, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје.

Следна дестинација за прекрасната Елена Реи е Сеул, каде ја очекуваат многу нови и возбудливи проекти.

Објавено:
5 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
572 пати