Елена Реи за Elle Mariage

31 декември 2015

Велат дека најчесто се враќаш на местата каде си почитуван и баран, па така после кратка пауза македонскиот модел Елена Реи повторно замина за Токио на нивно барање.

Меѓу многуте работни обврски и ангажмани кои ги доби беше и сликањето за престижниот магазин ELLE MARIAGE.

Од нејзината матична агенција Моделс ИН дознавме и дека накратко Елена престојувала во Сеул -Јужна Кореја за потребите на еден едиторијал, а набргу потоа работела и реклама за познат бренд на јапонскиот остров Окинава.

За претстојните новогодишни празници Елена ќе биде во Москва, а набргу потоа  ја чекаат подготовки за нова модна дестинација.

Објавено:
31 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
830 пати