После успехот во Токио, македонскиот топ модел Елена Трајановска не застанува, па деновиве ја покори и шпанската модна сцена.

Елена за Bershka

Во текот на една недела, таа стана заштитно лице на два шпански бренда, меѓу кои Cortefiel и познатата Bershka.

Елена за Cortefiel

За одличните Cortefiel таа сними супер фотосесија во Мадрид, додека за Bershka фотографирањето се случи во Барселона.

Елена за Bershka

„Неверојатна и сосема случајна беше и нашата средба во центарот на Барселона каде Елена ме запозна и со тимот од нејзината модна агенција одговорна за шпанскиот пазар“, вели Алек Наумовски, еден од менаџерите на нејзината матична агенција Моделс Ин.

Во моментов, Елена се подготвува за нови работни ангажмани, во чии успеси не се сомневаме.

 

Објавено:
31 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.136 пати