Ели Сааб отвори бутик во Њујорк

17 март 2017

Како што беше и најавено, Ели Сааб месецов го отвори првиот бутик во Њујорк, на Авенијата Медисон.

Новиот простор се протега на два ката, поврзани со скали во спирала, со огромни прозорци.

Во соседство се наоѓаат бутиците на „Том Форд“, „Прада“ и „Клое“.                

Понудата ќе ги вклучува и раскошните креации што ги гледаме на црвените килими, но уште повеќе фокусот ќе биде ставен на ready-to-wear колекциите.

-Во секое парче, дури и ако е ден, се гледа и чувствува духот на куќата. Можете да ги доживеете материјалите, светките, присуството на рачната изработка – објаснува дизајнерот.

Покрај овој бутик, Сааб најави дека пред крајот на годинава ќе отвори уште еден бутик во Њујорк, кој ќе биде наменет за невестинските фустани и за изработка на креации по порачка.

Во продолжение погледнете дел од внатрешноста на новиот простор:

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
298 пати