Елтон Џон и Лејди Гага ќе прават заедничка колекција

28 април 2016

Музичарите Елтон Џон и Лејди Гага ќе ги здружат силите за создавање на нова лимитирана модна линија.

Колекцијата ќе се вика „Сакај храбро“ (Love Bravery), а ќе се продава ексклузивно во продавниците на Macy’s. Како пренесуваат странските медиуми, 25 проценти од продажбата ќе бидат донирани во фондациите на музичарите – „Born this Way Foundation“ и „Elton John AIDS Foundation“.

При создавањето на колекцијата ќе им помогнат и сестрата на Гага, Натали Германота и стилистот/дизајнер Брендон Максвел, а ќе се креираат маици, куси топови, џемпери, ранџи, скејтбордови и модни додатоци, како и електрични гитари, микрофони, чевли на плаформа и секако „канџите“ на Гага. Цената на сите парчиња ќе се движи од 12 до 99 долари.

-Треба да го направиме светот подобро и похрабро место каде што мажите и жените ќе живеат мирно и со сочуство. Токму за тоа е основана и мојата фондација, како и онаа на Елтон Џон, а токму во таа насока ќе биде и колекцијата – вели Гага.

„Сакај храбро“ ќе биде достапна од 9-ти мај до 20-ти август.

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
75 пати