Ема Стоун прва се облече во новата колекција на Ердем за H&M

29 септември 2017

Холивудската актерка Ема Стоун прва ја промовираше новата колекција на Ердем за H&M.
За промоцијата на својот нов филм „Battle of the Sexes" таа гостуваше во ток шоуто на комичарката Челзи Хендлер, каде се појави во дводелен пижама-костум од линијата што произлезе како резултата на соработката на двата бренда.


Флоралниот дезен е препознатлив за естетиката на Ердем, па се очекуваше дека ќе биде присутен и во оваа колекција, а изборот на Ема Стоун е само уште една потврда, дека овој дезен ќе биде еден од носечките.

Инаку колекцијата ќе биде пуштена во продажба на втори ноември.

 

Фото извор: H&M, Instagram, Getty images

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
554 пати