Ема Стоун во кабаре-стил го најавува „Кабаре“

5 ноември 2014

Во очекување на нејзината дебитантска, но значајна улога  на Бродвеј во мјузиклот „Кабаре“ каде ќе ја толкува Сали Боулс, актерката Ема Стоун се фотографираше за магазинот Vanity Fair во кабаре-стил.

Едиторијалот го најавува нејзиниот нов ангажман закажан за 11 ноември, со фотографии што ја следат тематиката на мјузиклот, а Ема во улога на Сали го заведува фотообјективот во сексапилна долна облека, облечена во црн тантелен корсет, со лаковани чизми на висока потпетица и  нагласена сензуалност со црвени усни.

 

 

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Актуел