Емили Ратајковски, Ешли Греам и други убавици голи за The Love magazine – Никол Кидман на насловна

31 јули 2017

За 18-от број на The Love magazine, се охрабрија целосно да се соблечат познати убавици од различни генерации.

На насловната на магазинот е прекрасната Никол Кидман во провокативно издание, во црвен едноделен костим за капење и ова е само најава за тоа што следува на внатрешните страници.

А во содржината на овој број, вниманието е на голите фотографии од Емили Ратајковски, Ешли Греам, Доуцен Крос, Карен Елсон, Слик Вудс кои позираа пред фотографот Патрик Демархилер.

Но, можеби најзабележителна помеѓу сите нив е познатиот модел од 80-те и 90-те години, 49-годишната Стефани Сејмор која инаку сега ретко се фотографира, но во овој случај направи исклучок и тоа со целосно голи фотографии.

Фото: TheLovemagazin - Инстаграм

 

Објавено:
31 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.936 пати