Емили Ратајковски се открива за GQ

4 август 2015

Септемврискиот број на британското издание на магазинот GQ несомнено ќе го привлече вниманието на многу мажи. Насловната страна ја краси убавата Емили Ратајковски, која позираше пред апаратот на Марио Тестино.

Всушност, Ратајковски ја има на две насловни – на едната е со лисици во уста, а на другата заведува со црвен кармин.

Покрај фото-сесијата, септемвриското издание содржи и интервју со младата актерка, каде зборува за „проблематичните“ работи во нејзината професија. Помеѓу другото зборува и за скандалот со хакираните голи фотографии од многу познати ѕвезди, меѓу кои се и оние на Џенифер Лоренс и нејзините, а кои се појавија во јавност:

-Го надминав фактот дека немам приватност. Сметам дека не треба да се размислува на начин дека „немате што да сокриете“, бидејќи сте јавна личност, но исто така, отсекогаш мразев кога некој ќе полуди бидејќи го следат папараци. Епа, тоа е дел од работата со која си одлучил да се занимаваш – смета Ратајковски.

Таа додава дека голем број од луѓето кои се жртви на папараци, имаат погрешни ставови:

-Тие мислат дека сите луѓе што ќе ги видат тие фотографии треба да се чувствуваат виновно. Но, тоа не е фер. Кога фотографијата ќе излезе во јавност, веќе е готово. Секој што ќе ја „изгугла“ или види, не прави криминал. Криминалци се оние што ќе ги украдат тие фотографии – заклучува актерката.

 

Интервјуто содржи и нејзини ставови по однос на легализирање на дрогата, сексуалноста и феминизмот.

-Секогаш бидете сигурни дека во сексот го добивате тоа што го сакате. И чувствувајте се секси без тоа да го правите за некој друг... Да се биде вљубен и да се глуми сексуалност на милион различни начини е еден вид еманципација. На пример, јас ги сакам машките задници, но не треба да се чувствувам посрамена поради тоа – открива Емили.

Објавено:
4 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
584 пати