Емили Ратајковски во поинакво издание за Harper’s Bazaar

20 август 2015

Третото издание на harper by Harper’s Bazaar го краси една од најактуелните модели на денешницата, сексапилната Емили Ратајковски.

Ѕвездата на филмот „We are your friends“, овојпат можеме да ја видиме во едно малку поинакво издание, односно облечена од глава до пети.

Таа изгледа прекрасно во одбрани есенски парчиња од брендови како Томи Хилфигер, Кејт Спејд и Ралф Лорен во кои се шета и позира низ улиците на Њујорк.

За нејзината прва модна икона, Емили ќе каже:

„Имав 12 години кога за прв пат го гледав Butch Cassidy and the Sundance Kid. Сцената во која Пол Њуман ја буди Кетрин Рос и ја носи заедно да возат велосипед, за мене стана нешто свето. Обожував како таа изгледа во долгиот бел фустан и шапката. Кетрин имаше нешто посебно, таа беше толку искрена, со динамичен карактер, нешто што денеска многу ретко го гледаме“, вели Емили во интервјуто.

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
771 пати