Емилија Кларк во романтичен едиторијал за „Харперс Базар“

22 ноември 2017

Насловната страна на најновото издание на магазинот „Харперс Базар“ за декември и јануари го краси убавата актерка Емилија Кларк.

За таа цел е направен и романтичен едиторијал, во кој Британката изгледа совршено.

После филмскиот хит „Me before you“, последниве години е во фокусот на вниманието поради серијата „Игра на тронови“, а од неодамна стана и заштитно лице на парфемот на „Долче и Габана“ – „One“.

За тоа искуство, за животот после „Игра на тронови“ и за приватниот живот говори во големото интервју за магазинот, а ние ви пренесуваме дел од него:

„... Луѓето во Италија ви кажуваат како се чувствуваат. Ми се допаѓа тоа што не морам да погодувам. Има нешто толку привлечно во нивната личност, вели актерката за искуството со италијанскиот бренд и нивната прва соработка.

А бидејќи во јавноста е позната како директна личност, која има став за сите теми, не изненадува зошто токму тоа ја привлекува кај Италијанците.

Иако важи за една од најпознатите Британки, веројатно малкумина знаат дека има и индиско потекло.

„Баба ми беше Индијка и тоа беше голема семејна тајна, бидејќи нејзината мајка имала афера со некој во Индија. Баба носеше шминка за да кожата ѝ изгледа бела. Почина кога имав 16 години и со тогашното момче отидовме во Индија да ја посипеме нејзината пепел. Ја сакаше Индија повеќе отколку што ја сакаше Англија. И признавам, ми се допаѓа тоа што имам една осмина нешто индиско во мене“, вели актерката.

Во јули минатата година, нејзиниот татко ја губи борбата со ракот. Во тоа време таа го снима филмот „Above Suspicion“, со кој ќе биде актуелна по завршувањето на „Игра на тронови“.

„Тешко беше. Патував три пати за да го видам, што траеше 22 часа, а секоја пат од филмот се јавуваа да ми кажат дека морам да се вратам...“

Иако парфемот се вика „The One“, Кларк вели дека престанала да верува во „принцот на бел коњ“.

„А би сакале нели? Би сакале да верувате дека постои само еден. Сепак, јас верувам дека постои „вистинскиот“ или „само еден“ за секој период во животот, но како стареете тоа се менува. Кога бев тинејџерка, постоеше „вистинскиот“ за тоа време, потоа, постои друг „вистински“ за следниот дел од животот. Постои една будистичка мисла која вели, себеси можеш најдобро да се спознаеш преку односот што го имаш со другите луѓе и јас верувам во тоа.

За да можат да овозможат таа и нејзиниот брат да се школуваат на „Сент Едвард“ нивните родители речиси банкротирале. Во тој период од животот Кларк првпат се соочила со фрустрацијата дека го нема посакуваниот изглед за актерка. Иронично, но денес важи за една од најубавите, а „Есквајр“ ја прогласи и за најсекси актерка.

„Тоа многу ме налути. Всушност, не бев лута, тоа е погрешен збор. Но, ме потивираше да продолжам во некој друг тип на кастинг. Тоа ме туркаше да бидам вистински актер. Наместо да ја играм Јулија и некои лесни улоги, јас бев мудра бабичка, или проститутка, улоги што не секој ги посакуваше.

Очигледно трудот се исплател, бидејќи со 31 година има одлична заработувачка и бројни успешни проекти зад себе.

Следниот како што најави, ќе биде адаптација на филмот на „Above Suspicion“ , каде ќе го толкува ликот на ФБИ соработник, Сузан Смит. Режисер е Филип Нојс.

Не крие дека сè повеќе ја нервираат коментарите околу „голите“ или како што ги нарекуваат „порно“ моменти во „Игра на тронови“, но вели дека да се биде во таква серија ги отвора уметничките визии.

„Кога почнав да заработувам пари, купував принтови. Ми се допаѓаат женските уметници и дела инспирирани од жени. Сега се трудам да ги купам вистинските дела, не само принтовите, но сè уште не можам да си дозволам некои познати уметници. Но, сè во свое време“, вели Емилија.

Објавено:
22 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
163 пати