Ена Зафировска започна соработка со бугарскиот бренд Von Goldenburg

30 јуни 2017

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска, која се образуваше во Словенија, е препознатлива со структуралните форми и еко-пристапот во модата. Тоа придонесе да го привлече вниманието на модната сцена и надвор од државава, па неодамна го направи својот пробив и на бугарската модна сцена.

Евгенија Зафировска и д-р.Невен Енчев; Фото Трифон Паскалев

Имено, познатиот менаџер во областа на здравството, д-р Невен Енчев одлучи да направи пробив во модата, а резултатот на таквата одлука е брендот Von Goldenburg Collection.

Во 2017 година евидентна е зголемената побарувачката по што поголема општествена и еколошка одговорност. Имајќи го сето тоа во предвид, Von Goldenburg одлучи претставувањето на новата ready-couture да биде решението за сите побарувачки, проблеми и спротиставување на масовното производство.

Фото Трифон Паскалев

Свесни за проблемите во модната индустрија брендот Von Goldenburg поттикува радикални промени, купувачите да бидат свесни дека за нивната облека има лице кое е творец на истата и кое на тоа парче облека потрошило време и труд.

Фото Трифон Паскалев

За таа цел, на нивна покана, во учествувањето на женската колекција означена како ready-couture 2017 (термин што го сретнавме и на модната недела во Дубаи), а насловена како Bianco, дизајнерката Ена Зафировска разви 15 креации.

Фото Трифон Паскалев

Фото Трифон Паскалев

Фото Трифон Паскалев

Колекцијата беше неодамна презентирана во резиденцијата „Алхемичарот“ во Белашица.

Манекенките дефилираа во префинети фустани и костуми од висококвалитетни природни материјали со акцент на облиците на женското тело.

Фото Трифон Паскалев

- Романтична естетика и нагласена женственост ја карактеризира првата ready-couture  колекција за жени  на брендот Von Goldenburg. Доминантната романтична нота во оваа колекција е споена со раскошни и шармантни фустани, женски костими со неверојатен крој, карнери и комбинации со нагласување на облините на женското тело. Различни типови на висококвалитетни и нежни материјали со кои се доловува ефектот на слоевитост и грациозност – објаснува талентираната дизајнерка.

грофицата Естер де Померанија е во сината креација, Фото Трифон Паскалев

Инаку, настанот е одржан под покровителство на грофицата Естер де Померанија, позната по својата добротворна работа.

Фото Трифон Паскалев

Покрај ревијата, за колекцијата е направен и едиторијал, кој ќе имате можност да го погледнете во продолжение:

фотографија:Vertigo Creative Photography (Ладислав Кинг и Мартин Симоновски)

модел: Ангелина Китановска

шминка: Јована Божиноска

Објавено:
30 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
534 пати