Енди Мекдауел се врати на пистата на 60 години!

3 октомври 2018

Актерката и поранешна манекенка Енди Мекдауел се врати на пистата на ревијата на Лореал во Париз и изгледа подобро од кога и да е.

Таа е амбасадор на брендот веќе три децении, а и во седмата деценија од животот ги воодушеви сите присутни со нејзиниот младешки изглед и секогаш совршената коса.

На пистата таа се појави во тесен колоритен фустан со светки и впечатлив ѓердан во неколку бои и минимална шминка и брановидна фризура.

За магазинот Вог таа изрази големо воодушевување поради тоа што по толку години се враќа на пистата.

„Драго ми е што се враќам на пистата и тоа во Париз. Таму научив многу и на некој начин станав она што сум денес. А, да..и научив како добро да нанесам црвен кармин“, изјави актерката и манекенка за магазинот.

Токму таму таа ја започнала нејзината кариера, кога била одбрана за модел на кастинг на Ив Сен Лоран каде се појавила во фармерки и маичка без шминка и ги освоила сите присутни.

Мора да признаете дека таа и на 60 години изгледа подеднакво прекрасно како и на почетоците.

Фото и инфо: Kurir.rs

Објавено:
3 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
271 пати