Ени Ленокс: Две третини од 757 милиони возрасни луѓе што не знаат да читаат се жени

9 март 2019

Пејачката Ени Ленокс јавно говори дека е феминистка и дека се залага за правата на жените. Токму затоа и не изненадува новата кампања насловена како „Една причина зошто сум глобален феминист“.

Воедно, со тоа ги повикува сите мажи и жени кои ги делат нејзините ставови да ѝ се приклучат во оваа кампања. Низ странските медиуми кружат неколку фотографии од пејачката со испишани листови за поразителни факти за положбата на жената во општеството. 

„2/3 од 757 милиони возрасни луѓе што не знаат да читаат се жени“, е една од испишаните пораки.

„Ако зборуваме за тоа да се биде феминист, мора да зборуваме за и на целиот свет. Ние не сме феминисти само поради нас“, вели Ленокс, истакнувајќи дека жените се соочуваат со исти проблеми, независно дали жевеат во Америка или Африка или на било кое друго место на планетата.

Одѕивот на кампањата засега е одличен, а ја следат и неколку видеа во продолжение. Во истата можете да се приклучите и вие, праќајќи порака со ознаката #OneReasonWhyImAGlobalFeminist. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox) onMar 8, 2019 at 10:49am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox) onMar 7, 2019 at 7:57am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox) onMar 7, 2019 at 3:23am PST

 

 

Објавено:
9 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
154 пати