Ентони Вакарело е новиот соработник на Версаче

20 декември 2013

Информацијата дека новиот соработник на Донатела Версаче е дизајнерот Ентони Вакарело, повеќе не е шпекулација. Веста ја потврди и самата Донатела која изјавува дека едвај чека да го види Версаче низ дизајнерската призма на Ентони.

-Она што тој го дизајнира е се што сакам јас. Сензуално и драматично, произведено на природен начин со многу самодоверба и талент, што ја подига модата на ниво што секоја модерна жена го сака, изјавува Донатела Версаче.

Станува збор за соработка за ресорт колекција и аксесоари која ќе биде промовирана на специјален настан во 2014 година, за која Вакарело вели дека е ангажман од неговите соништа.

-Многу сум возбуден што ќе можам да работам со Донатела. Версаче е модна куќа што секогаш применува необични техники и безвременска мода, така што најавувам колекција низ која ќе се провејува еден необичен дух, вели Ентони.

Објавено:
20 декември 2013
Категорија: 
Актуел