Ева Лонгорија доби ѕвезда на Патеката на славните

17 април 2018

Актерката Ева Лонгорија вчера доби ѕвезда на Патеката на славните. Непосредно пред раѓањето на своето прво дете, 43-годишната актерка мошне емотивно ја доживеа оваа чест.

Таа се појави во краток фустан од тантела, кој одлично ѝ прилега, а поддршка ѝ даваа голем број колеги и пријатели меѓу кои и Мелани Грифит и Викторија Бекам и секако сопругот Хосе Антонио Бастон. Рики Мартин, Ана Фарис и Фелисити Хофман пак беа тројцата кои споделија интересни анегдоти со Ева, правејќи го овој момент за неа уште попосебен, а за публиката интересен.

Лонгорија не можеше да ги сокрие солзите и благодарноста што е една од одбраните, а тоа го сподели и преку социјалните мрежи:

„Денеска ќе се случи остварување на сон! Доделувањето на ѕвезда на Патеката на славните е таква чест што не можам да верувам дека ќе го искусам. Едвај чекам да им се придружам на легендите, а уште повеќе, едвај чекам сите да одите и да ја видите!“, напиша актерката. 

Во продолжение погледнете како изгледаше овој посебен ден за неа:

Објавено:
17 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
842 пати
Извор: 
daily mail