Фанк и рокенрол во шарената ресорт кампања на Прада

30 октомври 2015

Фанки парчиња со рокенрол став, ја сочинуваат ресорт колекцијата за 2016 година на Прада за која неодамна беше реализирана и новата кампања.

Мешавина на графички принтови, текстури и дезени се носечкиот печат на линијата со неодоливи палта, капути, здолништа, фустанчиња и плетени блузи.

Акцентот е ставен и на модните аксесоари од кои особено вниманието го привлекуваат висечките обетки со масивни детали, како и чантите со нитни и графички мотиви.

Кампањата му беше доверена на докажаниот фотограф Стивен Меисел.

 

Објавено:
30 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
311 пати