Фантастичниот ентериер на Гугл

24 април 2013

Прекрасниот панорамски поглед кој го пружа современото здание Electra Tower не е единствениот квалитет на овој објект. Аргитектите се потрудиле да создадат простор во кој тимот на Гугл ќе може да ја изрази својата креативност и атмосфера која позитивно ќе влијае на работните односи. Главниот дизајнерски концепт бил на вработените да им се овозможи простор кој ќе ја потикне нивната продуктивност, а воедно ќе влијае позитивно на емоционалната и психичка состојба. Покрај големата конференциска сала, постојат дури 3 ресторани во склад на комплексот.

Дизајнот на секоја канцеларија во себе всушност крие дел од локалниот идентитет, односно историјата на Израел, а на последниот осми спрат, се наоѓа новиот проект Campus, кој е иницијатива на изрелскиот премиер, програма која пружа подршка на младите претприемачи.

Објавено:
24 април 2013
Категорија: 
Актуел