Секогаш прекрасниот Рим викендов беше местото каде што се собраа холивудските дами облечени во најубавите Валентино креации на премиерата на „La Traviata“ на Софија Копола.

Операта во Рим изгледаше уште поубаво со фантастичните креации што големиот Валентино ги дизајнираше за артистите во операта.

Валентино, кој инаку е дел од одборот на римската опера, направи одлична соработка со талентираната Софија Копола која за прв пат режираше опера.

„Не знаев што да очекувам и мислев дека никогаш нема да имам храброст да режирам опера, но кога Валентино и неговиот соработник ме замолија, не можев да ги одбијам“, вели Копола.

Таа ќе додаде и дека огромна била честа да биде дел од операта во Рим со сите тие прекрасни луѓе и костими, целиот тим кој постојано ја мотивирал да направи нешто од што досега била многу исплашена.

На премиерата на фантастичната претстава се појавија голем број ѕвезди и пријатели на дизајнерот и режисерката меѓу кои и Ким Кардашијан и Канје Вест, Кира Најтли со сопругот, прекрасната Моника Белучи, Оливија Палермо, Јоханес Хуебл, Франка Соѕани и бројни други.

Дел од дамите одбраа креации на Валентино кој како и секогаш, создаде вистинска магија кога се фустаните во прашање.

Во галеријата погледнете ги оние кои оставија најголем впечаток во прекрасниот Рим. 

Објавено:
23 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.727 пати