Фарел Вилијамс е првиот маж што ќе се појави во кампања за Шанел чанта

5 јануари 2017

Откако во декември се појави на нивното спектакуларно шоу Métiers d’Art, Фарел Вилијамс од денеска е и првиот маж кој се појавил во кампања на Шанел за нивната нова чанта.

Според информациите што денеска ги објави онлајн магазинот WWD, Фарел ќе се појави како заштитно лице на новата чанта на брендот насловена како „Gabrielle“.

Покрај пејачот во кампањата ќе се појават и познатите амбасадорки на брендот Кристен Стјуарт, Кара Делевин и Каролин де Магрет.

Со ова, тој ќе биде првиот маж кој некогаш воопшто се појавил во кампања за женска чанта. Целосната кампања и фотографиите ќе бидат објавени на трети април, а според сите модни медиуми тоа ќе биде еден од најголемите настани што ќе ја одбележи 2017 година кога е модата во прашање. 

Објавено:
5 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
196 пати