Fashionel.mk ја организираше својата прва модна забава

12 август 2013

Љубителите на плажата, летото и модата, се обединија завчера на првата модна забава на Fashionel, одржана на плажата Versus во Струга.  Во добра атмосфера, за која се погрижи групата „Apply the beat“, составена од диџеј One, тапанарот Фил Мано и саксофонистот Горан Папас, приутните се забавуваа, се фотографираа и беа наградувани. Гостите добија и интересни беџови од Fashionel.

Како што и најави, тимот на Fashionel го исполни ветувањето и ги награди дел од најхрабрите и најголемите вљубеници во модата.

Првонаградената Кристина Танасковска доби ваучер за шминка и фризура од студио „Елена Лука“, како и накит од „Miss Spice“. Исто така, беше избрано и најтренди бикини кое го носеше Катерина Глигорова, која пак доби марама за плажа од „Miss Spice“.

-Благодарам многу. Многу ми се допаѓа наградата и едвај чекам да ја искористам - рече Кристина.

Катерина пак додаде дека особено и се допаѓа замислата на забавата.

-Првпат присуствувам на модна забава што се одржува на плажа. Многу ми се допаѓа замислата, беџовите што ги добивме особено ми се допаѓаат. Драго ми е што добив награда и со сигурност ќе ве следам понатаму - изјави Катарина.

Fashionel подели и награда за најдобри очила за сонце, а меѓу наградените беше и една гостинка од Приштина, која исто така добри аксесоари и ваучер за шминка и фризура од „Елена Лука“.

Присутните на забавата имаа можност да уживаат и во промотивна цена на коктели, за дополнително разладување и опуштање.

„Многу ми се допаѓа забавата. Атмесферата е одлична, изброт на музика, а и фотографирањето ми беше мошне интересно“; „Никогаш не сум имала можност да се фотографирам на овој начин, па едвај чекам да ги видам фотографиите. Се надевам ќе добијам и некоја од наградите“, „Добра забава и ветувам дека ќе ставам „лајк“ на вашата страница“, „Постојано ве следам, продолжете така“, се само дел од коментарите кои ги добивме.

Според тоа, тие што беа во саботата во Струга, си поминаа одлично, а за тие што немаа можност да другаруваат со нас, во продолжение ви ја пренесуваме атосферата.

 

Објавено:
12 август 2013
Категорија: 
Актуел