Fashionel.mk повторно прогласен за сајт со најдобар дизајн

26 декември 2016

Во Македонската опера и балет во саботата се одржа годинашното доделување на наградите во рамки на манифестацијата „Сајт на годината“. Ова беше седмо издание, кое на Fashionel.mk повторно му донесе награда.

Нашиот портал е победник во категоријата  Сајт со најдобар дизајн за 2016 година.

Изгледот на сајтот го променивме и приближивме кон светските стандарди лани, што вие со вашите гласови и посетеност го поздравувате веќе втора година по ред.

И оваа 2016-та се потрудивме да понудиме и квалитетна содржина, да информираме, едуцираме, да бидеме препознатливи.

Ви благодариме што го прпепознавте тоа и што со своите гласови ни ја покажавте вашата доверба.

Fashionel.mk во 2014 беше награден и како еден од најдобрите мобилни сајтови, па особено се радуваме што секоја година со вашите гласови ни давате потврда за нашата работа.

Со оваа награда на убав начин ја заокружуваме годината на изминување, мотивирани за уште поуспешна 2017-та.

Благодарност од целиот тим на Fashionel.mk до сите што придонесоа за ова признание и им честитаме на добитниците од сите категории, кои можете да ги погледнете тука.

Манифестацијата и оваа година беше  во организација на Media Solutions.

Објавено:
26 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
173 пати