Фатена е жената што успеа да украде 905 дизајнерски чанти

22 октомври 2013

01040h_426x639

Жената која може да се прогласи за еден од најуспешните крадци на дизајнерски чанти некогаш познати, конечно е фатена и осудена на 18 месеци затвор.

Џејни Ранд (48), мајка на две деца, успеа да украде 905 чанти, вклучувајќи дизајнирани парчиња од Мулбери, Прада, Гучи, Луј Витон, Диор и Бурбери и тоа во период од три години. Украдената стока ја продавала, заработувајќи 90.000 фунти од нејзината нелегална активност.

Ранд ги земала чантите од одделни продавници, како Debenhams, House of Fraser и John Lewis - насекаде низ земјата, се додека не беше фатена во шопин центар во јужен Велс, со нејзиниата последна украдена, 905-та чанта.

Чантите имаат комбинирана вредност од 135.000 фунти, но на судот беше кажано дека нивната малопродажна цена е далеку повисока.

„Како сте успеале толку долго да го правите ова без да бидете фатени е навистина неверојатно. Покажавте професионализам и затоа не успеавме толку долго да ве фатиме. Патувавте низ земјата, и правевте успешни кражби, а украдените чанти потоа ги продававте. Тажно е и необично 48=годишна жена со претходно добар карактер и поведение, да се појави пред судот за таква нечесност“ рече судијата Рис Роландс во текот на судењето.

Адвокатот на обвинетата изјави дека таа горко се кае за се како и на тоа дека со текот на време станала имуна на чувството дека прави нешто што е погрешно.

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Актуел