Федерер и Џеј Ло меѓу 100-те највлијателни на „Тајм“ за 2018

21 април 2018

Магазинот „Тајм“ ја објави листата на стоте највлијателни личности во светот за 2018 година. Поделени во неколку категории: пионери, уметници, лидери, икони и титани, магазинот се потруди да направи листа која ќе обедини различни индивидуи, но кои ги обединува едно нешто - нивното време е сега!

„Тајм 100“ не е мерач на моќ, иако многумина на листата реално и ја поседуваат. Кога нашите вработени ги разгледуваа кандидатите, често се фаќавме во момент како се воодушевувавме на животните достигнувања на дел од нив. Но, уредникот Дан Максаи, маестрото на Тајм 100, секогаш нè враќаше на клучното прашање: Дали оваа година беше нивна? Така, оваа листа секогаш е рефлекција на актуелниот моменти и изгледа многу поинаку отколку во минатото. Влијанието не познава возраст. На пример, четириесетипетмина од листата се под 40-тата, а најмладата меѓу овие сто одбрани е 14-годишната актерка Мили Боби Браун. Она што ги обединува сите е прашањето колку ние може да учиме од нив“, вели тимот на магазинот.

Инаку, за секој од одбраните пишува по некоја позната личност, а за секој од 100-те највлијателни за годинава објавени се видеа каде зборуваат како тие го доживуваат успехот. 

Меѓу највлијателните се најдоа и комичарката Тифани Хадиш, Карди Би, Никол Кидман, Хју Џекман, Гал Гадот, Шон Мендес, Џими Кимел, Гиљермо дел Торо, Доналд Трамп, принцот Хари, Меган Маркл (и тоа во категоријата лидери), Ким Јонг Ун, Емануел Макрон, Џенифер Лопез, Ријана, Роџер Федерер, Опра Винфри и други, а комплетната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Во продолжение пак, погледнете што имаа да кажат дел од оние што се најдоа меѓу избраните:

Тифани Хадиш

 

 Никол Кидман

 

 Џенифер Лопез

 

Роџер Федерер

 

Мојата прва плата:

Објавено:
21 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
206 пати