Фенди ангажираше познати дами во улога на дизајнери

29 април 2014

Новиот проект на италијанската модна куќа ќе биде во чест на отворањето  бутик на Фенди во Лондон. Средствата од продажбата ќе бидат донирани во фондација која им помага на децата, а за оваа цел со свој модел на чанта ќе допринесат Наоми Кемпбел, Кара Делевињ, Трејси Емин, Џери Хал, Џорџија Мек Џегер, Заха Хадид, Адел, Гвинет Палтроу и други. Нивните чанти ќе бидат ставени на продажба од 2-ри  мај, а потоа ќе се продаваат на онлајн аукција.

„Пораснав во семејство на силни жени и токму затоа сум среќа што овие дами ќе бидат дел од овој проект, кој не само што ќе не запознае со вкусовите на нашите клиенти, туку ќе ја подржиме и работата на фондацијата Kids Company“ – изјави Силвија Вентурини Фенди.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Актуел