Фенди создаде луксузна крзнена наметка

3 март 2014

Специјално за рускиот сопран Ана Нетребко која ја игра главната улога во новата оперска претстава „Manon Lescaut“на Џакомо Пучини, Фенди создаде ексклузивна крзнена наметка. Проектот е под раководство на Рикардо Мути, а во режија на неговата ќерка Кјара Мути. Операта е замислена да се игра во четири дела и веќе се наоѓа на редовниот репертоар во Оперскиот Театар во Рим од 27-ми февруари до 8-ми март.

Инаку наметката е изработена од бело зајачко крзно, во комбинација со свила, идеја на костимографот Алесандро Лаи, кој што беше во постојана координација со дизајнерскиот тим на модната куќа, па затоа следствено на тоа крајниот резултат е повеќе е успешен.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Актуел