Офф-фест 2014: Раскошна програма со најдоброто од музиката на светот

22 април 2014

 

Зоран Предин иДамир Кукурузивиќ Зоран Предин иДамир Кукурузивиќ

Годинешното издание на Oфф-фест, што ќе се одржи од 30 мај до 5 јуни во Скопје, ќе стартува со настап на големиот унгарски композитор, импровизатор и виртуоз на виолината Felix Lajko во тандем со неговиот колега и постојан соработник Antal Brasnyo.

На 1-ви јуни скопските музички зависници ќе имаат прилика првпат да ја почувствуваат во живо магијата на музиката на Етиопија, претставена од таткото на етио-џезот, легендарниот Mulatu Astatke,а истата вечер ќе настапи и најжешкиот македонски лајв бенд Фолтин, со неколку специјални гости-музичари од странство: Васко Атанасовски и Марјан Станич од Словенија и Наталио Суед од Холандија. Проектот е резултат на соработката на три сродни интернационални музички фестивали: Druga Godba (Словенија), Music Meeting (Холандија) и OFF-Fest.

Фолтин Фолтин

Музиката на Конго, највозбудливата африканска сцена во моментов, ќе биде претставена на 3-ти јуни преку харизматичниот Jupiter  и неговиот волшебен бенд Okwess International.

Претпоследната вечер на Oфф-Фест, e резервирана за популарниот словенечки пејач и кант-автор Зоран Предин, придружен од извонредниот хрватски џипси-свинг состав Дамир, како и за маестралните јужнокореански инструменталисти и модерни традиционалисти Geomungo Factory.

Офф-Фест 2014 ќе финишира на 5-ти јуни, со настап на најголемата нова ѕвезда на португалското фадо Carminho, како и со концертот на свежата фламенко атракција од Шпанија, инспиративниот женски квартет Las Migas.

Carminho Carminho

Фестивалот годинава ќе се одвива на повеќе локации: Универзална сала, Салон на Македонската опера и балет, Кино Фросина и клубот „Станица 26“.

Во продолжение ја имате програмата за петте фестивалски дена

Skopje Jazz Festival presents

OFF-FEST 2014

 

30 мaj, Кино Фросина, 21:00

FÉLIX LAJKÓ & ANTAL BRASNYÓ Hungary

 

1 jуни, Универзална сала, 20:00

FOLTIN & GUESTS Macedonia

MULATU ASTATKE Ethiopia

 

3 jуни, Станица 26, 22:00

JUPITER & OKWESS INTERNATIONAL Congo

 

4 јуни, МОБ, 20:00

GEOMUNGO FACTORY South Korea

ZORAN PREDIN & DAMIR KUKURUZOVIC DJANGO GROUP Slovenia/Croatia

 

5 јуни, МОБ, 20:00

LAS MIGAS Spain

CARMINHO Portugal

 

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Актуел